НАУКАТА ЗАД СЕРИЈАТА ПРОИЗВОДИ STOLETAN
Ние веруваме во транспарентност и формулации засновани на докази. Дознајте повеќе за клучните научни принципи кои го водат развојот на нашите производи за долговечност и против стареење.
Денес луѓето уживаат во подолг живот, но за жал тоа не секогаш значи подобра здравствена состојба. Статистиката покажува дека мнозинството од нас ги минуваат последните децении од животот во борба со здравствени проблеми. Докажан факт е дека губиме речиси една деценија од животот поради нарушено здравје.
На светско ниво постои десетгодишна разлика меѓу очекуваната должина на животот и очекуваната должина на животот поминат во добро здравје. Решавањето на овој проблем е од фундаментално значење, доколку сакаме да одржиме енергичен и исполнет начин на живот и во староста.
Додека науката за долговечноста се фокусира на продолжување на целокупната должина на животот, стратегиите против стареењето имаат цел да ги сведат на минимум видливите знаци на стареењето и да ja поддржат целокупната благосостојба со напредувањето на возраста.
Стареењето не е болест, но напредувањето на возраста е основен ризик фактор за здравствени проблеми. Освен тоа, многу заболувања го забрзуваат процесот на стареење. Гледаме, на пример, дека со зголемувањето на должината на животот на светско ниво има поголема распространетост на хронични дегенеративни болести како кардиоваскуларни, невродегенеративни, мускулно-скелетни, заболувања на црниот дроб и бубрезите, рак, дијабетес и други.
Со забавување на процесот на стареење можно е да се намалат болестите поврзани со возраста и да се зголеми очекуваната должина на здравјето – односно да живееме подолго и подобро. Сепак, за да се откријат ефикасни методи за одржување на поздрав живот, од суштинско значење е прво да се разбере процесот на стареење и факторите кои одредуваат кој старее „добро“ и кој е поподложен на болести поврзани со возраста.
Научниците многу години работат за да откријат точно зошто и како старееме. Тие идентификувале клучни механизми кои придонесуваат за процесот на стареење и овие механизми веќе се обединети под концепт познат како „Карактеристични одлики на стареењето“.
Првичните карактеристични одлики (во темно сиво) се одговорни за првичното клеточно оштетување, кое ги активира антагонистичните карактеристични одлики (во светло сиво), како одговор за ублажување на тоа оштетување. Заедно, овие одлики придонесуваат за појавата на интегративните карактеристични одлики (во црвено), кои на крајот се одговорни за начинот на кој старееме. Исклучително важна е врската меѓу различните одлики на стареењето. Тие не се одделни процеси или појави, туку меѓусебно поврзани последици од губење на информација. Епигенетските промени доведуваат до митохондријална дисфункција, која дополнително ја оштетува ДНК-та, што ги одвлекува сиртуините (ензими на долговечноста) од одржувањето на епигеномот, со што се забрзува стареењето во маѓепсан круг.

Оваа обединета теорија претпоставува дека влијанието насочено кон информацискиот систем, особено NAD+ (клучен фактор за обновување на ДНК и метаболичкото здравје) и сиртуините, може да адресира повеќе карактеристични одлики истовремено, нудејќи поефикасен пристап за подобрување на здравјето и должината на животот. Земајќи ги предвид најновите достигнувања на науката и врвните достигнувања во медицината, во Грин Мастер создадовме портфолио од додатоци во исхрана со брендот STOLETAN, наменети за борба против стареењето, кои помагаат за постигнување на подолг живот во добро здравје.
ПРОИЗВОДИТЕ ОД МАРКАТА STOLETAN:
⏵Содржат првокласни состојки од светски познати производители и лаборатории, со водечки компоненти Pterovita® (ги активира сиртуините) и RiaGev® (NAD+ бустер).
⏵ Резултати докажани со клинички истражувања.
⏵Формули со персонализиран пристап, базиран на индивидуални потреби.
⏵Комбинирани терапии кои истовремено се спротивставуваат на повеќе карактеристични одлики на стареењето.